Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Orchard Toys

    Сите игри и сложувалки произведени од Orchard Toys се дизајнирани имајќи ja предвид нивната едукативна страна, работејќи заедно со наставници, градинки, родители и со самите деца, за да се обезбеди совршена рамнотежа помеѓу образовните придобивки и вредноста на играњето. Фокусот е ставен на голем број клучни вештини, почнувајќи од основните когнитивни и моторички вештини, па се до поспецифични цели како што се социјалните вештини, писменоста и математиката.

    Додека играат со производите на Orchard Toys, децата дури и не забележуваат дека учат и што е најважно... се ЗАБАВУВААТ!

     

    Квалитет

    Сите картички и делови за играње се цврсти и лесни за чистење, што значи дека ќе го издржат тестот на времето и покрај постојаното играње, носење и извалкани рачиња! Таа добитна комбинација на образовна вредност при играта и физичката издржливост е тоа што ги прави овие производи долготрајни!

    Изработени се од 100% рециклиран картон.