Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Креативен комплет МЕШАЊЕ БОИ - Hape Toys

    Бренд: Hape
    Шифра: 6943478036598
    Достапност: На залиха
    ден 1.250,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Откријте ги возбудливите принципи на мешањето бои и научете сѐ за боите, со овој убав креативен комплет. Забавувајте се, комплетирајќи ги шесте активности коишто се дел од него.

    Дозволете им на вашите деца да ја истражат и изразат својата креативна и уметничка страна. Овој разновиден детски комплет за сликање, нуди многу можности за стимулирање и негување на талентите на малите сликари. Запознајте ги децата со основните уметнички принципи и теоријата на боите. Исто така, ќе придонесе и кон подобрување на нивните моторички вештини.

    Со сите парчиња вклучени во овој комплет, небото е граница на забавата! Доаѓа со 3 бои во тубички, 2 четки за сликање, 1 палета, 1 тркало за бои, држач за листовите и албум со 6 подготвени активности.

    Активностите во оваа играчка го поттикнуваат самоизразувањето и инспирираат креативно размислување, додека децата учат како мешањето на основните бои создава сосема нови! Низ игра ќе дознаат за топлите и ладните бои, додека ја развиваат координацијата на рацете и очите преку сликање

    Секој дел од овој комплет е направен од материјали безбедни за децата, коишто не содржат БПА и фталати.

    Децата од предучилишна возраст имаат корист од играчките кои го поттикнуваат раниот детски развој, имагинативната игра и интеракцијата со родителите и пријателите.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *