Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Стратегиска игра - Морска битка на пирати

    Бренд: Janod
    Шифра: 3700217328351
    Достапност: На залиха
    ден 1.490,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Добредојде на палубата, морнару! Надмудри го противникот и биди првиот што ќе ги потопи неговите бродови.

    Играта има 2 нивоа на тежина. Подлога за играње со 20 квадратчиња за почетниците и со 64 квадратчиња за искусните играчи. Секој играч располага со 10 магнетни бродови коишто се поставуваат на подлогата. Исто така, за секој играч има и подлога за запишување на бројот на истрели коишто ги упатил кон противникот.

     

    Играта содржи вкупно 4 подлоги, 2 оддели, 20 магнети, 2 подлоги што се бришат и два маркери.

    Правила на играта

    Секој играч има преграда со 10 брода (6 црвени, 2 сини, 1 зелен и 1 голем жолт),1 маркер, 1 голема картонска подлога каде што ги позиционира бродовите и 1 мала картонска подлога каде што ги запишува направените истели. Капакот на кутијата се користи како држач за подлогите за бродови.

    1. Изберете го нивото на тежина на големата подлога, којашто потоа играчите ја поставуваат на држачот:

    • Почетници 20 полиња и 5 брода (малите црвени бродови)
    • Напреднати: 64 полиња и 10 брода

    2. Постави ги магнетните бродови произволно на полињата, со тоа што внимавај да не излегуваат од линиите на квадратчето.

    3. Претпостави ја положбата на бродовите на противникот и дај ги координатите на истрелот (на пример B4). Ако си погодил некој од бродовите, маркирај со О на малата подлога, а ако твојот истрел завршил во водата, маркирај со X.

    4. Потребен е 1 погодок за да се потопи црвен брод, 2 за син, 3 за зелен и 4 за жолт.


    5. Ако противникот погоди некој од твоите бродови, маркирај со X на твојата подлога. Кога бродот ќе биде потопен, стави го во одделот.

    6. Победник е тој што ќе ги потопи сите бродови на противникот.

    Спецификации на производот
    Димензии 30 x 4 x 22 cm
    Материјал Картон • Cardboard
    Возраст 5-10
    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *