Разбудете ја детската фантазија и претворете ги идеите во вистински конструкции со CONNETIX Bright Creative Pack – сет создаден за слободна, креативна игра без ограничувања.
Со 104 шарени магнетни плочки во различни форми, вклучувајќи правоаголници со должина од два квадрати и три вида триаголници, овој сет е одличен избор за заедничка игра со семејството и за создавање поголеми и поинтересни конструкции.
Децата можат да градат кули, мостови и патеки за топчиња, да комбинираат бои и форми, да создаваат различни шари, куќички, замоци, животни и сопствени измислени конструкции.
Повеќето плочки им овозможуваат на децата да одат чекор понатаму – да градат повисоко, поголемо и посложено. Оградите и отворените квадрати дополнително ја поттикнуваат фантазијата и создаваат можности за игра со приказни и мали светови.
Додека градат, експериментираат и ги претвораат своите идеи во реалност, децата природно развиваат креативност, просторно размислување, решавање проблеми, трпение и истрајност.
Сетот е компатибилен со целата CONNETIX колекција, па лесно може да се комбинира со други сетови и да се создаваат уште поголеми и посложени конструкции.
Еден сет, безброј идеи – секоја игра може да биде нова авантура.
Овој комплет од 104 парчиња е разновидност од бои и форми.
Содржи:
- 40 × стандардни квадрати
- 16 × рамнокраки триаголници
- 16 × правоаголни триаголници
- 16 × рамностран триаголници
- 8 × квадрати со отворен центар
- 8 × правоаголници со должина од 2 квадрати
- 1 × книга со идеи за градење
Сите плочки се направени од нетоксича ABS пластика којашто не содржи бисфенол и фталати.
Плочките се цврсто запечатени и се потполно безбедни.
Уникатниот дизајн овозможува Connetix да бидат цврсти, додека истовремено нудат прекрасни јасни прекршувања на светлината.
Connetix се компатибилни со другите водечки брендови.