Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мека развојна играчка со активности НОСОРОГОТ МАРИУС - Lilliputiens

    Бренд: Lilliputiens
    За возраст од 9 месеци и понатаму │ Помага во развојот на видот и слухот ● Моторичките вештини и координацијата ● Проникливоста, љубопитноста и фантазијата
    Шифра: 5414834832372
    Достапност: Нема на залиха
    ден 1.950,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Овој сладок носорог е оригинален, мек и мултифункционален извор на забава и учење за љубопитните мали деца. Има форма на шармантен носорог полн со изненадувања, изработен од материјали со различни дезени и текстури. Играчката може да се рашири како книга. Внатре, меѓу егзотичната вегетација на џунглата, од едната страна има симпатичен, кадифен, отстранлив пајак, на растеглива, вибрирачка лента, а од другата страна - лавот Џек, со бујна грива и глава во форма на флексибилно, безбедно огледало.

    Мариус има мали, испакнати уши и мек рог што свири како труба кога ќе се притисне. Предната половина шушка, а внатре има скриено ѕвонче. Носорогот во шепите држи обрач што служи како глодалка, а од страната има врвка со дрвено топче за лизгање.

    Играчката е цврсто изработена и безбедна. Таа постојано изненадува и ја поттикнува детската имагинација. Помага во развојот на фините моторни вештини (фаќање, тресење, вметнување, извлекување, движење), го активира сетилото за слух (шушкање, штракање и други звуци), видот и допирот. Исто така, помага да се забележат некои причинско-последични односи,а благодарение на глодалката– ќе донесе олеснување во тешкиот период на никнување на забите.

    ВИДЕО

     

    Димензии: 14,5x14,5cm

    Одржување: Се чисти само површината.

    Материјал: полиестер и полиетилен (глодалката)

     

    Нудејќи многу изненадувачки авантури и чисто задоволство, неодоливите колекции на Lilliputiens ги воодушевуваат срцата и на децата и на возрасните!

    Заедничкото откривање на шарениот и стимулирачки свет на Lilliputiens е драгоцен момент помеѓу детето и родителот, кој создава спомени кои ќе останат врежани во текот на целиот живот.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *