Оваа развојна играчка е оригинален, мек и мултифункционален извор на забава и учење за љубопитните мали деца. Има форма на шармантен тукан полн со изненадувања, изработен од материјали со различни дезени и текстури. Играчката може да се рашири како книга. Внатре има илустрација на гнездо со тукани во коешто спие малото пиленце, а во гнездото може да влегува неговата мајка којашто е прицврстена на растеглива, вибрирачка лента. На другата страна е лемурот Џорџ, со глава во форма на флексибилно, безбедно огледало.
Пабло има импресивен клун којшто испушта птичји звуци кога ќе го притиснете. Предната половина шушка, а внатре има скриено ѕвонче. Тој во нозете држи обрач што служи како глодалка, а од страната има врвка со дрвено топче за лизгање.
Играчката е цврсто изработена и безбедна. Таа постојано изненадува и ја поттикнува детската имагинација. Помага во развојот на фините моторни вештини (фаќање, тресење, вметнување, извлекување, движење), го активира сетилото за слух (шушкање, штракање и други звуци), видот и допирот. Исто така, помага да се забележат некои причинско-последични односи,а благодарение на глодалката– ќе донесе олеснување во тешкиот период на никнување на забите.
ВИДЕО
Димензии: 14,5x14,5cm
Одржување: Се чисти само површината.
Материјал: полиестер и полиетилен (глодалката)
Нудејќи многу изненадувачки авантури и чисто задоволство, неодоливите колекции на Lilliputiens ги воодушевуваат срцата и на децата и на возрасните!
Заедничкото откривање на шарениот и стимулирачки свет на Lilliputiens е драгоцен момент помеѓу детето и родителот, кој создава спомени кои ќе останат врежани во текот на целиот живот.