Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Едукативна игра ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ПИШУВАЊЕ (Научете да читате и да пишувате на македонски јазик на три забавни начини - Headu

    Брендови: Headu , Story Box
    За возраст од 3 години и понатаму │Првите забавни чекори кон читање и пишување на македонски јазик ● Убава развојна алатка за забавно едукативно искуство ● Образовни придобивки: Учење да се пишуваат и читаат зборови ● Препознавање и пишување на буквите од македонската азбука ● Збогатување на речникот ● Развивање на умешноста на рацете и на визуелните вештини ● Градење на независноста и на самодовербата
    Шифра: 8056214164764
    Достапност: На залиха
    ден 1.240,00
    ден 1.054,00
    i h
    Датум на испорака: ДО 4 РАБОТНИ ДЕНА

    Оваа исклучително забавна и образовна игра е инспирирана од Монтесори методите, особено од тристепениот метод, кој е корисен за развој на јазичните вештини кај децата. Целта е децата да научат да читаат и да пишуваат преку забавен и ангажиран пристап, базиран на игра.

    СОДРЖИНА НА КОМПЛЕТОТ

     ● 3 подлоги за составување зборови

     ● 72 парчиња за составување сложувалки со зборови

     ● 72 плочки со букви

     ● 3 бели табли

     ● маркер што се брише

     ● упатство.

     

    ТРИТЕ ФАЗИ НА ИГРАТА

    Благодарение на подлогите за составување со растечка тежина, децата постепено се запознаваат со зборовите,

    редејќи ги сложувалките, пишувајќи со плочките со букви и вежбајќи слободно пишување со приложениот маркер.

     

    Активностите во играта се поделени во три фази:

     ● Прва фаза – поврзување на предметот со името.

    Децата ги составуваат сите зборовни сложувалки (се препорачува да се започне со пократките зборови, а потоа

    да се премине на подолгите).

    ● Втора фаза – препознавање на предметот според името.

    Децата го запишуваат името на предметот што го составиле со сложувалките, користејќи ги плочките со

    букви, така што ги поставуваат во соодветните полиња на подлогите.

    ● Трета фаза – усвојување на поврзаноста помеѓу предметите и имињата.

    Децата ја вежбаат способноста за слободно пишување со цртање и со пишување нови зборови на белите табли, како и во предвидените полиња на подлогите.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *