Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Спирала со активности ФАРМА - Lilliputiens

    Бренд: Lilliputiens
    За возраст од 3 месеци и понатаму │ Помага во развојот на моторичките вештини и координацијата ● Проникливоста, љубопитноста и фантазијата ● Ги активира сетилата за вид и допир
    Шифра: 5414834833355
    Достапност: На залиха
    ден 2.490,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Оваа повеќефункционална мека спирала е совршена играчка за бебињата. Со изглед на палавото магаренце Игнас, таа може да се намести на количката, на носачот за бебиња, на столчето за автомобил, или на оградата на креветчето. На неа има 3 додатоци: дрвена тропалка со изглед кокошка, птичка со безбедно, флексибилно огледалце и ѕвонче со ликот на кравата Розали.

    Изработена е од материјали со различни текстури и дезени. Главата на Игнас има долги уши и разнобојна стимулирачка грива. Играчката е цврсто изработена и потполно безбедна за најмалите.

    Димензии: 21 x 11 x 8 cm

    ● ● ● 

    Нудејќи многу изненадувачки авантури и чисто задоволство, неодоливите колекции на Lilliputiens ги воодушевуваат срцата и на децата и на возрасните!

    Заедничкото откривање на шарениот и стимулирачки свет на Lilliputiens е драгоцен момент помеѓу детето и родителот, кој создава спомени кои ќе останат врежани во текот на целиот живот.

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *