Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Фосфоресцентна папет гушкалка КУЧЕТО ЏУЛС – Lilliputiens

    Бренд: Lilliputiens
    За возраст од 0 месеци и понатаму │ Помага во развојот на видот и слухот ● Моторичките вештини и координацијата ● Проникливоста, љубопитноста и фантазијата
    Шифра: 5414834836141
    Достапност: На залиха
    ден 1.390,00
    ден 1.251,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Оваа гушкалка во облик на кучето Џулс има сè што му е потребно за да го воодушеви вашето бебе. Прво и основно – тоа е постојан придружник на бебето, многу меко, со насмеано и пријателско лице. Бебето си го носи своето плаво гушкалче насекаде и останува смирено и сигурно низ целиот ден.

    Но ова гушкалче е и папет кукла! Ставете ги прстите во рачињата и зад главата на кучето – и започнува претставата! Дали знаевте дека нашиот Џулс е одличен пилот? Направете го да лета, да пее детски песнички, да игра „ку-ку“... Сето тоа за да го забавувате вашето малечко и да делите прекрасни моменти на блискост.

    И тоа не е сè – ова е и фосфоресцентно гушкалче. По ден полн со игра и гушкање, доаѓа време за мирен сон. Кога ќе се изгаси светлото, стомачето и ушите на гушкалчето светат со нежна и смирувачка светлина, што му дава чувство на сигурност на бебето – никогаш нема да го изгуби во темнина!

     

    Како додаток, ова гушкалче има вградена врвка за цуцла, идеална за да не се изгуби – ни дење, ни ноќе.

    На етикетата во форма на еж може да се запишат податоците на сопственикот на гушкалчето.

    Паметен и пресладок подарок за новороденче!

     

    ВИДЕО

     

    Детали за производот:

    Состав: Полиестер, памук

    Димензии: 21 x 10 x 34 cm

    Перење: Машинско перење на 30°C – Нежен режим

     

    Со Џулс започнуваат игрите, приказните, истражувањата и се разбира – гушкањата!

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *