Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Истражувачка табла - ЏУЛС мајсторот – Lilliputiens

    Бренд: Lilliputiens
    За возраст од 3 месеци и понатаму │ Помага во развојот на видот и слухот ● Моторичките вештини и координацијата ● Проникливоста, љубопитноста и фантазијата
    Шифра: 5414834836097
    Достапност: На залиха
    ден 2.190,00
    ден 1.971,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Барате играчка за во детската оградичка или креветче? Џулс кучето пристигнува со својот камион, своите алати и пријатели! Сè што му треба на вашето бебе за да ги стимулира сетилата и да се забавува, уште од 3 месеци.Оваа платнена табла со активности  нуди вкупно 6 различни активности. На предниот дел од камиончето се наоѓа мајсторот Џулс – со огледалце за самонабљудување и црвено ѕвонче за ѕвонење. За почеток, тука е црвениот клуч што прави звук „Пуу!“ кога ќе се притисне – време е за работа! Двете тркала на камионот содржат тркало со топчиња што се врти, и прекривка што се крева за да се откријат изненадувањата.

    Вкупно три прекривки можат да се отворат за да се откријат сите тајни на таблата. Но,  внимавајте на нерамнини, бидејќи ежот Леон може да се лизга од една страна на друга додека камионот се движи кон градилиштето!

    Темата на оваа играчка за ран развој  е „Направи сам“– една од пасиите на нашиот драг Џулс... а можеби и на вашето бебе?

    Таблата лесно се закачува на шипките од оградичка или креветче со помош на 4 врзувачки ленти, а може и едноставно да се постави на под – за да се менува положбата на бебето за време на игра.

    Со различни визуелни, тактилни и звучни изненадувања, како и со разновидни и шарени материјали, оваа играчка е одлична за развој на: фина моторика, вид, слух, логичко размислување, љубопитност, имагинација.

    Ајде мали мајстори, време е за игра!

     

    ВИДЕО

     

    Детали за производот:

    Состав: Полиестер, метал

    Димензии: 41.5 x 1 x 30 cm

    Перење: Рачно перење

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *