You have no items in your shopping cart.
Оваа кукла, од колекцијата Црвенкапа на белгиската марка Lilliputiens, е совршена за раскажување приказни, читање или гушкање. Нејзиниот изглед може да се менува во секој од ликовите од оваа популарната бајка: баба, волк и Црвенкапа. Со превртување на фустанот и на капата, можете да го „оживеете“ саканиот лик.
Црвенкапа има шишки, џеб-чанта, а нејзиниот фустан е насликан со детали што го следат текот на приказната и нејзиниот пат низ шумата. Откако фустанот ќе се сврти, куклата се претвора во баба во розов кариран фустан, со наочари, бела коса и капа со цвеќиња. Долниот дел од здолништето на бабата е насликан со детали од нејзината средба со волкот во куќата. Со превртување на нејзината капа, куклата се претвора во ликот на волкот
Куклата е цврсто сошиена и совршено доработена, со внимание кон секој детаљ и сосема безбедна за детето. Играњето со неа внесува момент на изненадување и ја поттикнува детската фантазија и создавањето приказни.
Димензии: 20 x 25 x 10
ВИДЕО