Време е за истражување во градината со ежето Леон!
Погоден за бебиња од самото раѓање, овоа меко топче со активности нежно ги разбудува сетилата. Секој од 5-те прстени нуди различно сетилно искуство, а дополнителните елементи го стимулираат видот, допирот и слухот. Оваа сензорна играчка за рана стимулација е во форма на меко еженце кое сака да се крие во градината.
За да ги откриеме сите тајни на нашата околина, потребна е љубопитност и подготвеност да фатиме сѐ што ни доаѓа при рака! За таа цел, големината на текстилното топче и прстените е специјално дизајнирана за малите рачиња. Бебето го фаќа своето топче и открива ѕвонче, цврцкање... За стимулација на допирот, тука се везовите, принтовите и различните материјали: многу меки, ребрести, па дури и дрво, етикети и ленти.
Палетата на бои и контрастите се приспособени на видот на најмалите. Дополнителната вредност на оваа мека играчка за рана стимулација е силиконската глодалка – идеална за олеснување на болките при никнување на запчињата, благодарение на релјефната површина.
Лесна за фаќање, благодарение на округлата форма и мноштвото рачки, оваа играчка го забавува вашето бебе додека ги развива неговите сетила.
Ајде да истражуваме со Леон!
Состав: Полиестер, силикон, дрво
Димензии: 16 x 6,5 x 17 cm
Инструкции за перење: Се пере рачно