Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Мека музичка играчка КРАВАТА РОЗАЛИ - Lilliputiens

    Бренд: Lilliputiens
    Шифра: 5414834832303
    Достапност: На залиха
    ден 2.140,00
    i h
    Бесплатна испорака
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Оваа мека музичка играчка, со ликот на слатката кравичка Розали од белгиската марка Lilliputiens, е прекрасен прв пријател на бебето. Совршена е за гушкање, смирување и спиење. Има форма на шармантна кравичка во бордо боја (висока 30 см) и дрвена хармоника, која служи и како рачка за музичката кутија којашто е скриена внатре. Со влечење на инструментот, се активира добро познатата мелодија на песната на Елвис Присли „Love me tender“. Музичарката Розали носи светла карирана кошула, изработена од мек органски памук, лента на главата, меки рогови и испакнати уши. Играчката е цврсто изработена и безбедна. На задниот дел има врвки, со коишто може да се закачи на креветче или на детска количка. Го активира сетилото за слух и помага бебето полесно да се смири или да заспие.

    Може да се пере во машина до 30° C со нежен циклус (без дрвениот инструмент и музичката кутијаиграчката има патент,што ви овозможува да го отстраните механизмот).

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *