You have no items in your shopping cart.
Оваа дрвена табла со брави и катанци од француската марка JANOD е идеална едукативна играчка за деца на возраст од 3 години и понатаму. Играчката има 5 типа на затворачи, од кои секој отвора нешто, откривајќи нови ликови од фармата: со дрвеното резе се отвора оградата за кравата, со катанецот со клуч се заклучува тракторот, а со лизгачката брава - приколката со сено под кое спијат козите, синџирчето е за куќичката за мачки, а има и брава за кокошарникот. Играчката е цврсто изработена и сосема безбедна за детето.
Играњето со неа е одличен тренинг за фините моторни вештини и помага да се развие вештината за фаќање, умешноста на прстите, како и разбирањето на причинско-последичните односи (затворање-отворање).
Димензии: 34.6 x 2.8 x 24.8 cm