Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    Ајде да собираме мед - Ever Earth

    Бренд: Ever Earth
    Опрашете ги различните цвеќиња заедно со пчелите и соберете најмногу мед.
    Шифра: EE33794
    Достапност: На залиха
    ден 2.590,00
    i h
    Датум на испорака: 1-3 работни дена

    Концепт на играта

    На таблата за игра има полиња во три различни бои, кои претставуваат различни видови цвеќиња. Играчите се обидуваат да ги пополнат овие полиња со бои со соодветните обоени цветни ливчиња со фрлање на обоената коцка. Играчот кој ќе го спушти последното ливче на соодветното поле и со тоа ќе го комплетира цветот, може да земе пчелен знак од кошницата и да го стави на цветот. Добиваат мала дрвена тегла мед како благодарност за опрашувањето на цветот.

    Цел на играта

    Играчот што ќе собере најмногу тегли со мед победува.

    Содржина на играта

    1 основа за играта во вид на дрвена троделна сложувалка
    1 Една дрвена кошничка за пчели што се става во средината
    1 коцка со бои и со 2 џокер полиња
    9 сини цветни ливчиња во јутена торбичка
    12 жолти цветни ливчиња во јутена торбичка
    20 бели цветни ливлиња во јутена торбичка
    10 плочки со пчела
    10 тегли со мед во јутена торбичка

    Подготовка за играта

    Поставете ја дрвената кошница во средината на таблата за играње и во неа ставете ги плочките со илустрација на пчела.

    Како се игра

    Најмладиот играч ја почнува играта, фрлајќи ја коцката со бои. Во кругот со иста боја става ЕДНО цветно ливче од соодветната боја.
    Играта продолжува со следниот играч, во правец на стрелките на часовникот. Секој играч може да постави цветно ливче на кој било круг. Ако на играчот му се падне џокерот со три бои, може да избере ливче од цвет со боја по сопствен избор и може дури и да го комплетира цветот пред следниот играч.
    Секој играч ја фрла коцката само еднаш. Кога сите ливчиња од некој цвет се комплетирани, играчот што го спуштил последното ливче може да постави пчела од кошницата во средината на готовиот цвет. Сега цветот е опрашен од пчелата, а овој играч добива тегла мед како благодарност.
    Ако, на пример, сите сини цветни ливчиња се комплетирани, а на играчот му се падне сина боја на коцката, за жал неговиот ред е завршен и на ред доаѓа следниот играч.

    Крај на играта.

    Играта е завршена кога сите цветови се комплетирани и сега е време да се избројат теглите со мед. Победник е играчот што собрал најмногу тегли. Може да има и повеќе победници.

     

    ПРИДОБИВКИ ОД ИГРАТА

    Знаење за природата

    Додека играат, вашите деца ќе научат за тоа како правилно да се однесуваат кон природата и колку е важен функционалниот екосистем, како оној што го создаваат пчелите. Без пчели, нема да има жетва, нема мед, нема овошје или зеленчук. Затоа, оваа игра е целосно направена од дрво, што го прави играњето со неа позитивно искуство: визуелно, еколошки и на многу други начини.

    Бои

    Со ставањето на обоените цветни ливчиња, децата учат да ги идентификуваат боите и да прават соодветно поврзување на друго место. Тие учат како да ја сообразат соодветната боја на ливчето со бојата што ја добиле фрлајќи ја коцката, ставајќи го делот од цветот на полето со иста боја.

    Броење

    Секоја боја на цвет има различен број ливчиња, со што се поттикнуваат децата да учат да бројат. Исто така, делењето е потсвесно вклучено, бидејќи во цветовите има третини, четвртини и петтини.

    Логика и тактика

    Логичкото размислување исто така е важен дел од оваа игра. Колку повеќе ливчиња има еден цвет, толку подолго ќе му треба на детето да го комплетира го цветот.
    Кога на коцката ќе му се падне џокер, тоа може да го поттикне да размислува тактички, со избирање на бојата на ливче што ќе го доведе побрзо до целта.

    Моторички вештини

    Дури и пред да започне со играта, вашето дете ќе ги вежба своите моторички вештини, додека ги спојува трите дела на подлогата за играње, којашто е во вид на сложувалка.

    Цветните ливчиња се со различни форми и големини, така што некои бараат малку повеќе прецизност и внимание за да се наместат заедно и со нив да се оформи цвет. Плочките со пчела бараат уште понежен допир и внимание за да може да се постават на завршените цвеќиња. Теглите со мед ги поттикнуваат децата на меѓусебна интеракција.

    Трпение

    Играчите се учат да бидат стрпливи додека чекаат повторно да дојде нивниот ред.

    Победување и губење

    Важна лекција за подоцна во животот: може да има и повеќе победници и губењето не е лошо, затоа штосè може да изгледа сосема поинаку кога следниот пат ќе играте.

     

    ВИДЕО

    0.0 0
    Напишете сопствен осврт Close
    • Само регистрирани корисници можат да пишуваат коментари
    *
    *
    • Лош
    • Одлично
    *
    *
    *