Пребарување
Македонски
Сите категории
    Menu Close

    STIMULI

    Откријте ја палетата Stimuli од Kaloo: линија развиена во соработка со специјалисти за ран детски развој и созададена со цел да го придружува бебето во секоја фаза од развојот, во периодот 0 до 24 месеци, со помош на таканаречените „сензорно-моторни“ игри.

     ●

    Првите сетилни искуства на малите се од суштинско значење за нивниот развој; Покрај тоа, тие се и незаборавни моменти за нивното семејство. Сетилно-моторните играчки од палетата СТИМУЛИ им помагаат на родителите нежно да поттикнат нови искуства и чувства кај бебето, истовремено создавајќи топла интеракција. Ова вклучува покажување на играчките на бебето, осигурување дека тоа ги гледа движењата на родителите и потоа демонстрирање на функциите на играчката. Потоа останува бебето само да стигне до своите откритија низ игра! Малите ќе експериментираат на начин и со брзина коишто се соодветни за нив во одреден период и ќе откријат сè што имаат да понудат овие играчки за ран развој.

    Тропалки, книги со активности, топки што лесно се држат, сензорни топки, играчки што се клацкаат, меки играчки за гушкање и подлоги со активности: децата самите ќе наоѓаат нови начини на игра додека растат.

    Мачето - маскота на оваа линија играчки - е избранo во чест на бебињата кои го усвојуваат овој мал сладок прекар при раѓањето и поради неговите многу слични гестови. Ова преслатко, љубопитно, немирно и симпатично животно, коешто е претставено низ целата палета, слатко ќе ги придружува првите искуства на бебињата.

    Играчките за ран развој од палетата СТИМУЛИ се составени од разновидни материјали со богати, контрастни бои. Играњето со нив помага во раниот развој на:

    Видот
    Играчките со различни контрастни дизајни и бои за набљудување се дизајнирани да помогнат во развојот на видот на бебето и да го поттикнат развојот на координацијата на рацете и очите.

    Слухот
    Овие играчки создаваат различни звуци (ѕвонче, шушкава хартија, вибрации) за да ја разбудат љубопитноста на бебето и да ги запознаат со причинско-последичните врски.

    Допирот
    Меки играчки со различни тактилни функции кои помагаат бебето да се запознае со различни текстури и дразби. Тие се идеални играчки кои предизвикуваат љубопитност, благодарение на нивните повеќетежински елементи и различни материјали.

    Рефлексот за фаќање
    Благодарение на ултра меките ленти, играчките може да се закачат на различни места. Исто така, тие се дизајнирани специјално за малите детски раце, така што се многу лесни за фаќање и за ракување.

    Моторичкиот развој
    Цврстите и удобни материјали ги поддржуваат постуралниот и локомоторниот развој на бебето, истовремено охрабрувајќи ги да се движат и помагајќи им да стекнат чувство за простор. Идеални се за помагање во развојот на фини моторни вештини и поттикнување на бебето да ја истражува околината со свое темпо.

    Емоционалната врска со родителите
    Развојот на семејството се унапредува преку поттикнување на родителите да играат разни игри како дел од развојот на бебето, со цел да се формираат подлабоки емоционални врски и да се збогати интеракцијата.

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна
    Слика на Сензорна подлога за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    Сензорна подлога за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    За возраст од 0 до 24 месеци │ Помага во развојот на моторичките вештини и координацијата ● Ги активира сетилата за вид и допир и слух ● Соодветна е за користење во природа
    ден 7.430,00
    Слика на Играчка за бебиња - Маче што се клати - СТИМУЛИ - Kaloo

    Играчка за бебиња - Маче што се клати - СТИМУЛИ - Kaloo

    За возраст од 0 до 24 месеци │ Помага во развојот на моторичките вештини и координацијата ● Ги активира сетилата за вид и допир и слух
    ден 1.540,00
    Слика на Мека книга за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    Мека книга за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    За возраст од 0 до 24 месеци │ Контрастните бои и шари помагаат во развојот на видот ● Го поттикнува развојот на рефлексот за фаќање и држење
    ден 990,00
    Слика на Мека тропалка за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    Мека тропалка за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    За возраст од 0 до 24 месеци │ Помага во развојот на моторичките вештини и координацијата ● Ги активира сетилата за вид и допир и слух
    ден 690,00
    Слика на 5 Меки сензорни топки за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    5 Меки сензорни топки за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    Овие 5 лесни, текстилни и флексибилни мулти-сензорни топчиња, се одличен и забавен начин за стимулирање на сетилата на бебето.
    ден 1.360,00
    Слика на Мека сензорна коцка за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    Мека сензорна коцка за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    Дизајнирана и произведена во соработка со психомоторни терапевти, оваа сензорна коцка е одличен, забавен начин за нежно стимулирање на сетилата на бебето. Таа е лесна за фаќање и држење, а страните од различни материјали, текстури и бои помагаат во развојот на допирот, видот и слухот на бебето.
    ден 1.650,00
    Слика на Сензорно огледало за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    Сензорно огледало за бебиња СТИМУЛИ - Kaloo

    За возраст од 0 месеци и понатаму │ Сетилно огледало, идеално за развивање на сетилата и љубопитноста ● Помага во развојот на видот и слухот ● Различните додатоци помагаат во развојот на а сетилото за допир
    ден 2.490,00
    Филтри Close
    Min: ден 690,00 Max: ден 7.430,00
    ден690 ден7430